Во Бејрут загина командант во Иранската револуционерна гарда генерал Абас Нилфорушан
Иранските власти денеска објавија дека „истакнатиот командант во Иранската револуционерна гарда (ИРГ), генерал Абас Нилфорушан (58) е убиен во израелски воздушен напад врз Бејрут“, во кој е убиен и лидерот на Хезболах, Хасан Насрала.
Иранската државна новинска агенција ИРНА наведува дека генералот Нилфорушан бил под санкции на САД, пренесува АП.
САД го идентификуваа Нилфорушан како заменик командант за операции во ИРГ и го санкционираа во 2022 година со образложение дека тој раководи со организација „директно задолжена за сузбивање на граѓанските протести во Иран“.
Американските санкции против Нилфорушан беа воведени по повеќемесечните протести поради смртта на Махса Амини, која беше уапсена поради наводно непочитување на правилата за носење шамија, хиџаб, а потоа почина во притвор на иранската полиција за морал.
Нилфорушан служеше и во Сирија поддржувајќи го претседателот Башар ал-Асад во повеќедецениската граѓанска војна и служеше во Иранско-ирачката војна во 1980-тите.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
(Фото) СДСМ доживеа дебакл на протестот во…
Најавата на СДСМ за протест во Охрид…
МВР: Од 15 ноември до 15 март…
Од 15 ноември почна законската обврска за…
Бајден за потегот што го загрижи Кремљ:…
Поранешниот американски претседател во книгата „Ветувај ми,…
Тежок удар врз Кримскиот мост: Аналитичар проценува…
Автомобилскиот дел од Кримскиот мост би можел…
Горивата поевтинија, дизелот се продава за 92…
Од денеска, 17 ноември, важат пониски максимални…