Горивата поевтинија, дизелот се продава за 92 денари за литар

t

Од денеска, 17 ноември, важат пониски максимални малопродажни цени на горивата, согласно одлуката на Регулаторната комисија за енергетика. Бензините поевтинија за два денари, а дизелот за 2,50 денари за литар.

ЕУРОСУПЕР БС-95 се продава по максимална цена од 84 денари за литар, додека ЕУРОСУПЕР БС-98 чини 86 денари. Новата максимална цена на ЕУРОДИЗЕЛ БС изнесува 92 денари за литар.

Намалување има и кај екстра лесното масло за домаќинство, кое поевтини за три денари и сега чини 100,50 денари за литар. Цената на мазутот е намалена на 48,314 денари за килограм.

Новите цени стапија во сила во 00:01 часот и ги претставуваат највисоките цени по кои може да се продаваат овие нафтени деривати. нови цени на горивата

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Горивата поевтинија, дизелот се продава за 92…

Од денеска, 17 ноември, важат пониски максимални…

Ова е иранецот кој ги координирал терористите!…

Петмина македонски државјани се уапсени во Македонија…

Падна доверливата комуникациска мрежа на американската НСА,…

Висококласифицираната мрежа што американската Агенција за национална…

(Видео) Затворен е мостот на Крим по…

Украина предизвика сериозни оштетувања на Кримскиот мост,…

Танкер потона во близина на бугарскиот брег…

Танкерот „ГАС ХАСКИ“ потона околу 50 милји…