Честитки… Следната недела, предлог законот за правична застапеност

t

Додека балансерот останува замрзнат од Уставниот суд, сите вработувања на Албанците и другите етнички заедници врз основа на правична и соодветна застапеност остануваат суспендирани, иако тоа е уставна категорија. Конкурсите кои се во тек се запираат, додека постапката може да се продолжи само за конкурси кои ги завршиле сите фази на селекција на кандидати. До конечна уставна одлука за балансерот, која не се знае кога ќе биде, застапеноста ќе биде „статус кво“. Укинувањето на Балансерот беше во предизборната програма на ВМРО-ДПМНЕ, која подоцна стана програма на Владата. Вицепремиерот од редовите на оваа коалиција, Арбен Фетаи во интервју за Алсат вели дека идната недела ќе почне јавната расправа за Законот за правична и соодветна застапеност.

„Законот за правична и соодветна застапеност е дел од коалицискиот договор со ВМРО-ДПМНЕ. Овој проект е подготвен во оваа фаза. Следната недела ќе видите дека ќе започнеме јавна дебата во врска со донесувањето на законот за правична и соодветна застапеност, со што ќе се елиминира можноста за злоупотреби со лажни изјави за национална припадност, а ќе се создадат механизми за спроведување кои се задолжителни за институциите”, рече Арбен Фетаи, вицепремиер, ВЛЕН.
Дали Мицкоски е запознаен дека имате подготвен закон? Бидејќи тој вели дека нема закон?
Премиерот Мицкоски, секако, е запознаен дека го имаме нацрт-законот во рака и дека сме подготвени да ја започнеме собраниската процедура уште следната недела„, доаде Арбен Фетаи, вицепремиер, ВЛЕН.
Во меѓувреме, во однос на неизгласувањето на уставните измени во првите 100 дена од владата, Фетаи рече дека се надева оти до крајот на годината ќе биде затворена процедурата со цел земјата да не остане на последниот воз во однос на евроинтеграциите./Алсат.мк

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Честитки… Следната недела, предлог законот за правична…

Додека балансерот останува замрзнат од Уставниот суд,…

Меланија Трамп откри каде ја однел Доналд…

Во нејзиното прво интервју по двегодишно отсуство…

Пентагон: САД се одлучни да го спречат…

САД се одлучни да го спречат Иран…

Кометата која милиони години патувала до Земјата…

Kометата Ц/2023 А3, позната како Цушиншан-АТЛАС, ќе…

Трамп и Харис во мртва трка во…

езултатите од анкетата спроведена од Њујорк Тајмс…