Застарува случајот „Тенк“ – Груевски куртули од казната за „мерцедесот“

t

На поранешниот премиер Никола Груевски на 4 октомври годинава му застарува двегодишната затворска казна за случајот „Тенк“, кој се однесува за набавката на луксузниот „мерцедес“. Груевски на 4 октомври 2018 година беше правосилно осуден, така што на 4 октомври годинава поминуваат шест години, што е законски предвидениот рок за застарување на одлежувањето на казната.

Според Кривичниот законик, како што објави Призма, застареноста на извршувањето на казната настапува кога ќе помине двапати онолку време колку што е потребно за застарување на делото, а во случајот на Груевски, рокот за застареност изнесува два пати по три години.

Во случајот „Тенк“ си Груевски осудени беа и поранешната министерка за внатрешни работи Гордана Јанкулоска – четири години и поранешнииот помошник министер во МВР, Ѓоко Поповски – четири и пол години, кои веќе ги одлежаа своите казни.

„Мерцедесот“, пак, сè уште се користи за официјални делегации, потврдува директорот на СОЗР, Ивица Томовски.

На Груевски му преостанува да одлежи една и пол година затвор за случајот „Насилство пред Општина Центар“, која му застарува за три години, односно во 2027 година, како и девет години затвор за случајот „Плацови на Водно“, дело кое што му застарува во 2043 година.

Претходно на Груевски му застареа делата во предметите „ТНТ“ и „Траекторија“, а останува обвинет уште во предметите Титаник“ и „Талир“.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

21-годишна битолчанка била давена и задушувана со…

Бети Ангеловска од Битола, мајка на 21-годишна…

Обвинителството бара 30-дневен притвор за поранешен српски…

Вишото јавно обвинителство во Белград предложило судот…

Злато за Македонија – Узеир е европски…

Македонија го освои првиот златен медал на…

Мицкоски: Повеќе од 6% раст во туризмот,…

Премиерот Христијан Мицкоски ги квалификува како прилично…

Повеќе од 30 членови на СДСМ од…

Повеќе од 30 членови на ОО СДСМ…