Еден од осомничените за грабнувањето на Самоил фатен на Табановце и спроведен во Шутка

t

Александар Трпковски, еден од осомничените за грабнувањето на Самоил Костадиновски, внук на сопругата поранешниот министер за внатрешни работи, Љубе Бошкоски вчера бил фатен на граничниот премин Табановце.

Трпковски беше во бегство и се бараше со меѓународна потерница, а вчера порталот „Скопје 1“ објави дека сам се предал на полицијата и објави најава за емисија во која гостува тој. Од Министерството за внатрешни работи за „Фокус“ потврдија дека лицето било фатено и дека е спроведено во затворот во Шутка.

-На 30.09.2024 на Граничниот премин Табановце бил лишен од слобода А.Т. од Скопје по чл.123 во врска со член 19 од КЗ и член 141 од КЗ и е спроведен во КПУ Затвор Скопје, велат од МВР.

Од затворот исто така потврдиле дека од вчера утрото Трпковски се наоѓа во притвор кој му бил определен уште во 2023 година и кој стана извршен во моментот кога е најден.

Самоил беше пријавен за исчезнат на 4 март 2023 година, а исчезнувањето го пријавил неговиот брат кој кажал дека не се вратил дома и дека телефонот му е исклучен.

Пролетта беше изречена пресуда за неговото грабнување, но јавноста повторно не доби одговор што се случило со него. Осудени беа две лица на релативно ниски казни, но случајот е далеку од решен.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

За што навистина ја гонат Ива Михајлова:…

Еден загинат, тројца повредени, директен судир на…

Нетанјаху бара нови удари врз Иран пред…

Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху во изминатите две…

Србија го сруши рекордот: Резервите на злато…

Резеврите на злато, кои се дел од…

Трамп: Премногу далеку отидовме со нападите, веќе…

Американскиот претседател Доналд Трамп, изјави дека Вашингтон…

Американски конгресмен предупредува: Русија или Кина би…

Американскиот конгресмен Ерик Бурлисон предупреди дека САД…