„Бела ноќ“ в сабота во Скопје по јубилеен 20. пат

t

„Бела ноќ“ по 20-ти јубилеен пат ќе се одржи во сабота (05.10.2024) на неколку локации низ Скопје.

Посетителите ќе имаат можност да уживаат во театарски спектакл на отворено, музички настани, изложби, проекции, работилници и други културно-уметнички перформанси на десетици локации низ градот“, најавуваат од Град Скопје.

Централната манифестација ќе започне со настап на француската театарска група „Compaigne des quidams“ од Музеј на град Скопје преку улица Македонија, Плоштад Македонија, преку Камени мост па се до паркот Ибни Пајко каде ќе кулминира со 3Д мапинг.

Целосната програма со распоред, локации и учесници може да се погледнат тука. Сите настани се од отворен карактер и се бесплатни за посетителите.

Настанот е во организација на ЈУ Универзална сала a финансиран од Град Скопје.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Обвинителството бара 30-дневен притвор за поранешен српски…

Вишото јавно обвинителство во Белград предложило судот…

Злато за Македонија – Узеир е европски…

Македонија го освои првиот златен медал на…

Мицкоски: Повеќе од 6% раст во туризмот,…

Премиерот Христијан Мицкоски ги квалификува како прилично…

Повеќе од 30 членови на СДСМ од…

Повеќе од 30 членови на ОО СДСМ…

Во Македонија 350 деца имаат дијабетес

Во Македонија има 135 илјади граѓани кои…