Објавено на:

Иран ги предупреди САД да не интервенираат во конфликтот

t

По нападите врз Израел, Иран, според зборовите на министерот за надворешни работи Абас Арагчи, ги предупредил американските воени сили „да се држат настрана од ова прашање и да не интервенираат“. Во спротивно, американската армија „ќе мора да смета на остар одговор од наша страна“, изјави Арагчи за иранската државна телевизија. Тој додаде дека пораката им била пренесена на САД преку швајцарската амбасада во Техеран. Вашингтон и Техеран немаат директни дипломатски односи со децении како резултат на исламската револуција во Иран во 1979 година. Пред нападите врз Израел немаше „размена на пораки“ со САД, додаде Арагчи.

Иран вчеравечер (2.10) го нападна Израелсо десетици проектили – по вторпат откако во април лансираше стотици дронови и проектили врз Израел. Според израелската армија, „голем број“ од околу 180 проектили истрелани од страна на Иран биле пресретнати. Според американските информации, американската армија била вклучена во одбивањето на проектилите. Израелската армија подоцна соопшти дека опасноста од Иран е „засега избегната“.

Иран, пак, од своја страна тврди дека истрелал 200 ракети врз Израел. Иранската државна телевизија денеска објави дека ова за првпат вклучува и неколку хиперсонични ракети. Иранските медиуми прикажаа онлајн снимки од наводно истреланите ракети. „Три воени бази“ во близина на Тел Авив и други бази биле мета на нападите, соопшти Иранската револуционерна гарда. Иран тврди дека „90 проценти“ од проектилите ги погодиле нивните цели.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Танкер потона во близина на бугарскиот брег…

Танкерот „ГАС ХАСКИ“ потона околу 50 милји…

„Имам голем проблем да барам од вас…

Вие пратениците нè претставувате нас, ги претставувате…

„Анима Мунди“ бара хумано згрижување на кравите…

Здружението за заштита на животните „Анима Мунди“…

Хорор во Србија: Десет деца повредени на…

Десет деца на возраст од осум и…

Конечно ќе се заврши зградата на ФИНКИ:…

Наскоро ќе биде објавен тендер за изведувач…