Ајатолахот Хамнеи ги обвини САД за тензиите и војните на Блискиот Исток, доби одговор од Вилдерс, кој го нарече психопат
Врховниот ирански лидер, ајатолахот Али Хамнеи, денеска се сретна со група високи државни претставници во Техеран и притоа за тензиите и регионалните војни на Блискиот Исток ги обвини „САД и некои европски земји“ кои „лажно тврдат дека носат мир и спокојство во регионот“.
Тој им порача да „се изгубат од регионот“ за земјите од регионот да живеат во мир
Ајатолахот, кој неколку дена се наоѓа на тајна и безбедна локација, изјави дека е „тажен“ поради убиството на лидерот на Хезболах, Хасан Насрала, но не ја одложи средбата со високите претставници бидејќи, како што рече, „тагата на Иран е оживувачка и движечка сила“.
Високо рангиран ирански функционер за британските медиуми потврди дека наредбата за лансирање на ракетата кон Израел ја издал лично врховниот лидер Хамнеи
Тој претходно се обрати на социјалната мрежа X, најавувајќи дека ударите врз Израел ќе бидат уште ,,посилни и поболни“.
На оваа изјава експерсно му одговори Холандскиот политичар Герт Вилдерс
„Ти си психопат, опасен манијак, и болесник кој се ќе загуби затоа што ќе победи логиката , демократија и слобода и затоа ние секогаш ќе го поддржуваме Израел“, рече Вилдерс.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
„Имам голем проблем да барам од вас…
Вие пратениците нè претставувате нас, ги претставувате…
„Анима Мунди“ бара хумано згрижување на кравите…
Здружението за заштита на животните „Анима Мунди“…
Хорор во Србија: Десет деца повредени на…
Десет деца на возраст од осум и…
Конечно ќе се заврши зградата на ФИНКИ:…
Наскоро ќе биде објавен тендер за изведувач…
Теута Арифи по рочиштето: „Невина сум, не…
Пред тетовскиот суд денеска започна судскиот процес…