Министерот Николоски на средба со извршниот директор на Визер, Јозеф Варади
Заменик претседателот на Владата и министер за транспорт Александар Николоски денеска оствари работна средба со извршниот директор на Визер, Јозеф Варади, соопштија од неговиот кабинет.
На средбата се разговараше за досегашната соработка меѓу Визер како корисник на финансиската поддршка за воведување на авиолини и Владата на Република Македонија која ја реализира оваа мерка со цел поттикнување и унапредување на авиосообраќајот во земјата. Исто така на средбата министерот Николоски го отвори и прашањето за новиот јавен повик за финансиска поддршка за нови дестинации до/од Меѓународниот аеродром Скопје и Св. Апостол Павле во Охрид за период 2025-2027 година. Министерот детално информираше за условите и критериумите од јавниот повик, потенцирајќи го придонесот на авиокомпанијата Визер за развој на патничкиот ависообраќај во изминатиот период. На средбата тој истакна дека јавниот повик е отворен за сите авиокомпании кои се заинтересриани да работат на македонскиот пазар под услови пропишани од јавниот повик, се вели во соопштението од кабинетото на министерот Николоски.
Јавниот повик трае до 7 октомври и во рамките на тригодишната програма предвидено е финансиска поддршка во висина од 360 милиони денари. Покрај другите услови, предвидено е износот на финансиската поддршка да изнесува 9 евра по патник во доаѓање превезен од Меѓународен аеродром Скопје и 12 евра по патник во доаѓање превезен од аеродромот Св. Апостол Павле – Охрид, додаваат од таму.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
НАТО: Кога постојат докази за руска саботажа,…
Највисокиот американски генерал во НАТО во Европа…
Тревога во Полска: Жителите на истокот добија…
Полските власти во понеделникот предизвикаа тревога во…
Австралија пред можност за рационализација на дизелот:…
Австралија би можела да биде принудена да…
Муцунски: Стратешкото партнерство со САД носи конкретни…
Министерот за надворешни работи и надворешна трговија,…
Трамп повторно ја отвори вратата за забрана…
Американскиот претседател Доналд Трамп повторно потврди дека…