(Видео) НЕРЕАЛНИ СЦЕНИ ВО ШАНГАЈ, КИНЕЗИТЕ ВО ТРАНС ПОРАДИ НОЛЕ – Тотално лудило кога Ѓоковиќ излезе на теренот
Новак Ѓоковиќ во Шангај доби добредојде достојно за секој крал од кинеската публика, за која се знае дека многу го сака српскиот тенисер. Ова можеше да се заклучи од реакцијата кога тој зачекори на теренот.
Од сите страни се слушаа врисоци, а на пат кон клупата Ѓоковиќ реши да се поздрави со неколку навивачи, кои беа веднаш до оградата.
На него беа забележливи знамето на Србија, тробојката на која се гледа златото на Новак од Олимписките игри, како и транспарент со порака на српски „Идемо Ноле“.
Ѓоковиќ пет години не бил во Кина и ова е негово враќање на терените од кои во четири наврати го однесе трофејот дома.
– Пет години, човеку. Помина долго време, но гледам дека инфраструктурата сѐ уште е според највисоките стандарди. Ова отсекогаш бил еден од најдобрите терени и еден од најдобрите турнири што ги имаме на турнејата. Навистина неверојатен стандард од кога овде се одржа завршниот турнир на АТП (2005-2008) – рече Ѓоковиќ.
Потоа во свој стил им се обрати на кинеските навивачи.
– Мислам дека нема доволно црвено на мене. Го прочитав меморандумот, знам што е кодекс на облекување. Некои од моите најдобри натпревари во кариерата ги одиграв во Кина – во Пекинг и Шангај – па решив да се вратам. Помина предолго, пет години. Многу работи се случија во последните пет години, па едвај чекам да излезам на теренот, да играм пред кинеските навивачи – тие отсекогаш биле меѓу најстрасните навивачи, ако не и најстрасните на светот. Не се сеќавам кога последен пат играв во Кина без да носам црвено – рече Ѓоковиќ.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
(Видео) НЕРЕАЛНИ СЦЕНИ ВО ШАНГАЈ, КИНЕЗИТЕ ВО…
Новак Ѓоковиќ во Шангај доби добредојде достојно…
ХРВАТСКИ ВОЈНИЦИ НЕМА ДА ОДАТ ВО УКРАИНА…
Хрватскиот претседател Зоран Милановиќ одби да даде…
ЧЕТВРТОТО ДЕТЕ Е НАЈСКАПО – Еве колку…
Вчера на сила стапија законските измени во…
СОСТОЈБАТА НА ЗАТРУЕНИТЕ ПАЦИЕНТИ ОД ПОЖАРОТ Е…
Вкупно 43 лица се хоспитализирани по пожарот…
Тетовец преку Фејсбук се заканувал со убиство,…
Кривична пријава е поднесена против Ф.Р. (48)…