Објавено на:

МЕЛАНИЈА МУ ЗАБОДЕ НОЖ ВО ГРБ НА ТРАМП – Нејзиниот став за абортусот може да го турне во изборен пораз

t

Белешка во претстојниот мемоар во која сопругата на Доналд Трамп силно го брани правото на абортус може да му ја помати водата на нејзиниот сопруг во изборната трка за претседател на САД. Ставот на Меланија е целосно спротивен со ставот на Трамп дека Ова е спротивно со ставот на Трамп дека американските држави треба да го ограничат прекинувањето на бременоста.

„Зошто некој освен самата жена да има моќ да одлучува што прави со своето тело“, напиша Меланија Трамп во нејзините мемоари што ќе бидат објавени четири недели пред претседателските избори во САД на 5 ноември.

Британскиот весник „Гардијан“ објави дека дошол до примерок од книгата која ќе биде насловена „Меланија“. Портпаролот на поранешната прва дама не одговори веднаш на барањето на Ројтерс за коментар.

„Ограничувањето на правото на жената да одлучи да стави крај на несаканата бременост е исто како и одземање на контролата врз сопственото тело. Тоа верување го имав во текот на мојот возрасен живот“, ги цитира „Гардијан“ мемоарите на Меланија Трамп.

Републиканецот Доналд Трамп претходно посочи дека може да поддржи национална забрана за абортус по 15 недели од бременоста, но во април рече дека политичките прашања биле поважни на првите претседателски избори откако Врховниот суд ја укина пресудата Роу против Вејд од 1973 година, која заврши речиси 50 години федерални права за абортус.

Трамп вели дека државите треба да одлучуваат за законите за абортус и тој поддржува исклучоци од забраната во случаи на силување, инцест или заштита на животот на мајката.

Предизборните анкети предвидуваат тесна трка со кандидатката Камала Харис на Демократите, при што седум клучни држави најверојатно ќе одлучуваат за исходот од изборите.

Демократите гледаат на правата за абортус како популарно прашање што Харис може да го искористи против Трамп. Анкетата на Ројтерс и Ипсос спроведена помеѓу 21 и 28 август покажа дека мнозинството гласачи, вклучително и 34 отсто од републиканците, сакаат следниот претседател да го заштити или да го зголеми пристапот до абортусот.

Трамп ја зема заслугата за одлуката на Врховниот суд да ја поништи пресудата Роу против Вејд во 2022 година, која ги штитеше правата на абортусот до 24-та и 28-та недела од бременоста, поради гласовите на Суи назначениот од Трамп.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Потенцијален проблем за Далас: Дончиќ се повреди

Кошаркарот на Далас Лука Дончиќ се повреди…

МЕЛАНИЈА МУ ЗАБОДЕ НОЖ ВО ГРБ НА…

Белешка во претстојниот мемоар во која сопругата…

Додик: Нема БиХ без Република Српска

Претседателот на Република Српска, Милорад Додик изјави…

Двајца лекари и еден техничар утрово настрадаа…

Двајца лекари и еден техничар утрово настрадаа…

Видео конференциска врска на Мисајловски и Лафчиски…

Министерот за одбрана Владо Мисајловски и началникот…