Утре ќе се одржи погребот на убиениот лидер на Хезболах, Хасан Насрала
Погребот на убиениот лидер на либанското движење Хезболах, Хасан Насрала ќе биде извршен во петок, објави денеска иранскиот весник „Сабрин њуз“, повикувајќи се на неименуван специјален извор.
Порталот не објавил детали за времето и местото на погребот на Насрала, кој беше убиен во израелски воздушен напад врз Бејрут минатиот петок.
Како што јави агенцијата ИРНА, израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху, со поддршка на САД, дал наредба од седиштето на ОН во Њујорк да се убие лидерот на Хезболах.
По таа наредба, воените авиони на неговиот режим фрлија бункер-бастер бомби испорачани од САД врз густо населените области на Бејрут, при што загинаа Насрала и десетици луѓе, објави ИРНА.
Според извештаите, Сајед Хасан Насралах починал на 64-годишна возраст, откако 32 години работел како генерален секретар на Хезболах.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Утре ќе се одржи погребот на убиениот…
Погребот на убиениот лидер на либанското движење…
Политико: Бајден „фрустриран“ од Израел
Бајден гневен на Нетанјаху – Белата Куќа…
Уапсени државјани на Швајцарија и Австрија во…
Вчера во 15.30 и 16.15 часот во…
Потенцијален проблем за Далас: Дончиќ се повреди
Кошаркарот на Далас Лука Дончиќ се повреди…
МЕЛАНИЈА МУ ЗАБОДЕ НОЖ ВО ГРБ НА…
Белешка во претстојниот мемоар во која сопругата…