(Фото) Eдинствена постапка против ДУИ е од Левица: Седница на Уставен по барањето на Апасиев за дискриминација од страна на Џафери

t

Во Уставниот суд во тек е јавната расправа по барање за дискриминација по основ политичка припадност поднесено од Димитар Апасиев. На расправата се присутни подносителот на иницијативата, Димитар Апасиев и поранешниот претседател на Собранието на Република Северна Македонија, Талат Џафери.

Подносителот на барањето, Апасиев наведува дека е дискриминиран по основ на политичка припадност како пратеник, од страна на Талат Џафери кој тогаш ја извршувал функцијата претседател на Собранието на Република Северна Македонија.

Во Иницијативата се наведува дека претседателот на Собранието не постапил согласно Законот за референдум, за предлог-барањето на Апасиев одлучил сам, наместо да го предаде на Законодавно-правната комисија и до претседателот на матичното работно тело заради давање мислење за уредноста на иницијативата.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

(Фото) Eдинствена постапка против ДУИ е од…

Во Уставниот суд во тек е јавната…

МВР со детали за сообраќајката на патот…

Утрово во 7 часот и 51 минута,…

Дваесет и девет години од обидот за…

Денеска се навршуваат 29 години од неуспешниот…

Утре ќе се одржи погребот на убиениот…

Погребот на убиениот лидер на либанското движење…

Политико: Бајден „фрустриран“ од Израел

Бајден гневен на Нетанјаху – Белата Куќа…