Македонските штабни офицери континуирано ја следат безбедносната состојба на јужната граница на Либан
Министерот за одбрана Владо Мисајловски и началникот на Генералштабот, генерал-мајор Сашко Лафчиски утрово со видеоврска комуницираа со нашите тројца офицери кои се дел од мисијата на Обединетите нации УНИФИЛ во Либан.
„Од страна на нашите офицери беше потврдено се чувствуваат добро, дека моралот меѓу сите припадници во рамки на мисијата е на високо ниво и дека континуирано се извршуваат задачите. Македонските штабни офицери заедно со останатите припадници на армиите од другите земји кои се дел од мисијата УНИФИЛ, континуирано ја следат безбедносната состојба на јужната граница на Либан, како и безбедносната состојба во целиот регион“, соопшти Министерството за одбрана.
Македонија активно придонесува во мисијата на ООН во Либан, а во моментов двајца штабни офицери се во рамки на италијанскиот контингент во Шама, Либан, а еден штабен офицер е во Командата на УНИФИЛ во Нагура, Либан.
Во Либан моментно безбеносната состојба е влошена откако Израел и милитантната рупа Хезболах почнаа отворена војна.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Македонските штабни офицери континуирано ја следат безбедносната…
Министерот за одбрана Владо Мисајловски и началникот…
УКРАИНА „ВЛЕЧЕ“ СТРУЈА ОД ЕВРОПА, ЌЕ ОСТАНЕ…
Премиерот Христијан Мицкоски денеска изјави дека претстојната…
ГРОЗЈЕТО ГОДИНАВА ЌЕ СЕ ОТКУПУВА ПО ИСТОРИСКИ…
Во првите 100 дена од мандатот во…
ЕК ќе разгледува зошто Бугарија, Романија и…
Романија, Бугарија и Грција поднесоа заедничко барање…
Заев ги отфрла тврдењата на Села дека…
Човек што може да истреска такви забегани…