Одложено судењето против Палчо и другите обвинети за убиствата – Видевски хоспитализиран на Клиника
Судското рочиште против Љупчо Палевски – Палчо и другите четворица обвинети за убиствата на малолетната Вања Ѓорчевска и велешанецот Панче Жежовски, коешто беше закажано за во понеделник, се одложува поради влошената здравствена состојба на обвинетиот Боре Видевски.
-ЈЗУ Универзитетска клиника за Нефрологија – Скопје на 02.10.2024 година го извести Основниот кривичен суд Скопје, дека притвореникот Б.В., кој е еден од обвинетите во конкретниот предмет, од КПУ Затвор Скопје е префрлен и хоспитализиран во наведената клиника заради влошена здравствена состојба, соопшти Судот.
Претходно неговиот адвокат кажа дека Видевски имал трансплантиран бубрег пред десет години но, сега и тој му откажал и неговата здравствена состојба е многу лоша.
Кривичен ги одложи двете рочиште закажани за идната недела, а следното рочиште за овој предмет го закажа на 14 октомври.
За убиствата на Вања и велешанецот обвинети се Палевски, Боре Видевски, Велибор Манев, Влатко Кешишов, и таткото на девојчето Александар Ѓорчевски.
Првото рочиште се одржа на 20 септември и тогаш сите петмина се изјаснија дека не се чувствуваат виновни.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Сведочење на Пендиков: Го тепале зошто се…
Со сослушување на оштетениот Христијан Пендиков, секретар…
Министерот за правда во Франција обвинет за…
Во Франција денеска почна судењето без преседан…
Доналд Трамп денеска во Њујорк сведочеше под…
Во судот немало камери, но новинарите известуваат…
Во Кривичниот суд продолжи судењето за Ласкарци
Со испитување на вештакот Љупчо Постолов, дел…
Во Кривичен суд продолжува судењето за Ласкарци
Со испитување на вештакот Љупчо Постолов, дел…