Министерката Божиновска се уште не презентира документ дека нема бугарско државјанство
Министерката за енергетика, рударство и минерални суровини Сања Божиновска ќе се консултира со адвокат па потоа пред медиумите ќе одговори дали се’ уште има бугарска самосвест како и за тоа дали се’ уште поседува бугарско државјанство.
Вешто избегна конкретен одговор на новинарско прашање на „360 степени“ и изјави дека поседува македонско и чешко државјанство.
„Ќе проверам со адвокатите и ќе ве известам. Ќе морам да се консултирам со адвокати, тие ја водат оваа процедура. Тоа беше многу одамна.“
-И за вашата самосвест?
„Тие изјави беа многу оддамна, не се сеќавам точно кога. Не го водев јас процесот туку адвокатска канцеларија.“
Пред неколку месеци Божиновска одговори дека во нејзината биографија е наведено дека е македонска државјанка и дека поседувам и чешко државјанство. За бугарското државјанство се изјасни дека истото не го поседува.
Претходно, министерката за енергетика, Божиновска потврди дека немала бугарско државјанство, за потоа да се повлече од таквата изјава и на новинарско прашање да потврди дека имала бугарско државјанство, но дека постапката за отпуст е финализиранa.
Откако се отвори ова прашање во јавноста, премиерот Мицкоски посочи дека функционерите не можат во биографијата да го стават целиот нивен матичен лист, за се’ што правеле. Покрај министерката за енергетика со двојно државјанство во новата Влада има уште еден таков случај со Арбен Фетаи, вицепремиерот за политики за добро владеење-кој поседува македонско и белгиско државјанство.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Калас: Русија планира нови саботажи и напади…
Шефицата за надворешна политика на Европската Унија,…
Скопјанка пронајдена почината во стан во Кисела…
На 27.09.2026 во 10:00 часот во СВР…
83-годишен маж загина во пожар во куќа…
83-годишен маж загинал во пожар што утрово…
Севернокорејски хакери осомничени за крипто-кражба од 332,8…
Севернокорејски хакери се осомничени дека украле криптовалути…
„Глас против насилство“ по смртта на 13-годишникот:…
Тринаесет годишното дете повредено во насилниот настан…