Aпасиев се сретна со рускиот амбасадор: Левица се залага за продлабочување на соработката со Русија

t

ПРАТЕНИЦИТЕ НА ЛЕВИЦА ОСТВАРИЈА СРЕДБА СО РУСКИОТ АМБАСАДОР БАЗДНИКИН

Денес, 4 октомври 2024 година (петок), со почеток во 13:00 часот, во репрезентативната „Струшка сала“ на Собранието на РМ пратениците на #Левица, проф. д-р Димитар Апасиев и Реџеп Исмаил – Хактан, остварија средба со Рускиот амбасадор во Република Македонија, Н.Е. Сергеј Баздникин.

На оваа официјална средба беше разговарано за актуелните домашни и меѓународни теми, со посебен осврт на мултиполарниот свет. Акцент беше ставен на актуелните безбедносни предизвици на светската политичка сцена, но и на состојбата во регионот.

Од страна на нашите пратеници беше истакнато дека Левица се залага за отворена соработка со сите големи сили и членки на Советот за безбедност, вклучувајќи ја и Русија. Цениме дека развојот на односите со Русија се од круциално значење за Македонија, а оваа земја претставува огромна можност за економска, трговска, но и културна размена.

Македонскиот народ во огромен дел не се согласува со владината политика на санкции кон оваа земја. Оттука, од наша страна беше истакнато дека санкциите, под притисок на ЕУ и НАТО, воведени од претходната Влада, кои продолжуваат да дејствуваат во засилено темпо и при актуелната власт, се неоправдани и во спротивност од интересите на двете земји.

Средбата помина во срдечна и пријателска атмосфера, со надеж за продлабочена идна соработка меѓу двата народа.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ОН: До 2100 година Македонија може да…

Алармантни податоци за демографската слика во Македонија.Доколку…

Ким Џонг-ун доби овластување да командува со…

Севернокорејскиот лидер Ким Џонг-ун доби дополнителни уставни…

(Детали) Ја нокаутирал, па ја влечел со…

Мајката на момчето кое што е осомничено…

Поранешен косовски министер уапсен во акција против…

Косовската полиција уапсила шест лица во Приштина…

Маск застана зад сменетиот шеф на „Енвидија“:…

Илон Маск се приклучи на сè погласните…