Сашко Кедев продолжува да освојува врвови над 8.000 метри: Го искачи и кинескиот Шишапангма

t

Македонскиот кардиолог Сашко Кедев оствари уште еден голем успех во својата алпинистичка кариера откако го искачи врвот Шишапангма во Кина.

Станува збор за врв кој е висок 8.027 метри и се наоѓа во Тибет.

Организаторот на турата ги објави членовите на екипата која го искачила врвот, а помеѓу нив е и Кедев. Тимот покрај Кедев бил составен од седуммина Непалци, Американец, Јапонец и Пакистанец.

За Кедев ова е 12. врв над 8.000 метри, а годинава ги искачи Макалу, Лоце и Гашербрум 2. Како предизвик пред него остануваат само уште врвовите Кангченѕунга (8.586 метри) и Гашербрум 1 (8.068) за да ги комплетира сите врвови во светот со над 8.000 метри.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Арсовска го фати жив Ѓорѓиевски: На УСЈЕ…

Добро утро Орце Ѓорѓиевски. Незгодно ми е…

Брутален руски напад на Киев – најмалку…

Најмалку 15 лица се убиени, а 114…

(Фото) Закани кон родителите од Кочани: Не…

Продолжува голготата за родителите на починатите деца…

(Видео) Необична светлина над Шар Планина: Жител…

Жител на Брезовица вчера вечерта забележал и…

Македонија претпоследна во Европа по минимална плата

Според најновите податоци на Евростат, Македонија е…