„Сакам да творам во Македонија, а ако некој смета дека не е во ред, нека се вратат 5-те милиони евра и јас ќе ја напуштам земјата“, вели Чифлиганец за новата зграда спроти „Ист Гејт“

t

Компанијата „Адора инженеринг“ на бизнисменот Ванчо Чифлиганец започна со изградба на станбено-деловен објект на паркингот спроти трговскиот центар „Ист гејт“ во Скопје, откако Општина Центар издаде градежна дозвола.

Сопственикот Ванчо Чифлиганец во интервју за Телма тврди дека се се гради согласно закон, а се работи за изградба вредна од 90 до 100 милиони евра.

Објектот ќе биде на три дела, односно на аголот ќе биде највисокиот дел од 15 ката, другиот станбен објект од 11 и бизнис центарот 7 ката, а истиот се очекува да биде готов за две години.

За изградбата на објектот, Чифлиганец порача дека уплатени се комуналии од околу 5 милиони евра.

„Доколку некој смета дека ова не е во ред Ванчо Чифлиганец и неговата сопствена компанија респектирана Адора инжинеринг, нека се вратат 5-те милиони евра јас ќе ја напуштам земјата. Јас сакам да творам во мојата земја Македонија“, додава Чифлиганец.

Според него, оваа парцела била нелегален паркинг, што тој, но и други луѓе го користеле бесплатно за паркирање.

„Јас од ова место тврдам, најелитниот, најхуманиот елитен станбен деловен комплекс со еден бизнис центар ќе биде на ова место“, додаде за Телма Чифлиганец.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Мелони предложи заедничка иницијатива за прекин на…

Италијанскиот премиер Џорџa Мелони предложи заедничка иницијатива…

Радев до Сиљановска: Бугарија никогаш нема да…

Бугарскиот претседател Румен Радев изјави дека Бугарија…

Република Српска не го прифаќа британскиот план…

Премиерот на Република Српска, Радован Вишковиќ, изјави…

Нетанјаху не ја исклучува опцијата за атентат…

Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху во интервју за…

„Нано-игла“ илјада пати потенка од човечко влакно…

Истражувачите од Кралскиот колеџ (King's college) во…