Кузеска: 100 дена Влада, а 300 скандали – најмногу во МВР
Оваа Влада е влада која има продуцирано најмногу скандали за првите 100 дена од било која Влада во македонската историја. 100 дена Влада на Мицкоски а 300 скандали, најмногу од нив поврзани со работата на МВР и министерот Тошковски. Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ ветуваа ред и поредок, но фактичката состојба е тотално спротивна: скандали, неказнивост и брутална партизација на МВР, изјави портпаролката на СДСМ, Богданка Кузеска.
Портпаролката ги наброи дел од скандалите.
„Се случи безбедносен скандал на скопскиот аеродром, каде пиштолџијата на Гаши се закануваше со пиштол и нападна полицаец. МВР најпрво се обиде да го заташка случајот и да го штити коалицискиот партнер, но под притисок на јавноста тоа не беше можно.
Се случи скандал и со организирано пуштање на слобода на Блерим Рамадани, баран со меѓународна потерница. Досега никој нема преземено одговорност за овој скандал. Нема одговорност ниту од Тошковски.
Понатаму, имаше серија скандали на северната граница со Косово.
Коалициониот партнер на ДПМНЕ, Гаши со неговите сватови, ја поминаа границата со приватни возила и без никаква контрола.
Мицкоски тврдеше дека тоа се ноторни лаги, со смешни аргументи се бранеа виновниците, но затоа беа казнети луѓето кои чесно си ја извршуваат работата. Одговорност од Тошковски нема.
Скандалите продолжија како на лента. Речиси и да немаше ден, недела, кога не се случи некој скандал.
Бодигардот на Мицкоски кој тепаше полицаец пред угостителски објект во Скопје Тошковски целосно го ослободи од одговорност. Политичкиот дил ги засени законите и прописите. Капак на се уште и командир на Тигрите ќе го прават.
Командирот на полициската станица во Ропотово кој пукаше со калшников, беше суспендиран и со кривична пријава, Тошковски го врати повторно да биде команди во Ропотово. Ковачки го нема сега да држи прес конференција и да бара одговорност. Мицкоски се прави на Тошо.
Изгоре 10% од територија на државата само поради неспособноста на МВР и надлежните институции. Одговорност нема.
Не се расчисти ниту скандалот со генералниот секретар на Владата, кој случајно доби поклон од 325.000 евра во зграда со министерот Тошковски.
Скандалот со министерката Божиновска чија фирма должела 1 милион евра на МЕПСО остана исто така нерасчистен“, рече Кузеска на брифинг со новинарите.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Милошоски: СДСМ ги саботира измените на изборното…
ВМРО-ДПМНЕ ја поздравува инцијативата на министерот за…
СДСМ: Платформата е поврзана со власта, ѝ…
СДСМ остро реагираше на денешното јавно претставување…
Платформата “12.05“ подготвува опозициски фронт со СДСМ…
За да се победи актуелната власт потребно…
ВМРО-ДПМНЕ: СДС да не шират паника, Филипче…
Пензионерите денес имаат конкретени резултати кои што…
ВМРО-ДПМНЕ и СДСМ си ги мерат „АРМИИТЕ“…
Владејачката ВМРО-ДПМНЕ и опозициската СДСМ денес повторно…