Трамп: Израел треба да ги нападне иpанcките нyклеаpни поcтројки
Поранешниот американски претседател и републикански претседателски кандидат Доналд Трамп смета дека Израел треба да ги нападне иранските нуклеарни постројки како одговор на неодамнешниот ракетен напад на Иран.
Трамп ова го изјави во петокот на предизборен митинг во американската сојузна држава Северна Каролина, коментирајќи ја изјавата на американскиот претседател Џозеф Бајден дека нема да поддржи никакви израелски напади врз иранските нуклеарни локации како одговор на ракетниот напад на Иран врз Израел, пренесува Фокс њуз.
Трамп оцени дека Бајден згрешил кога рекол дека иранските нуклеарни локации не треба да бидат цел, наведувајќи дека овие локации треба да бидат цел бидејќи нуклеарното оружје претставува најголем ризик.
„Кога му го поставија тоа прашање, одговорот требаше да биде, прво нападнете ја нуклеарната централа, а подоцна грижете се за останатото“, рече Трамп.
Бајден, исто така, во четвртокот рече дека САД разговараат со Израел за опции за одговор на иранскиот напад врз Израел, кој го вклучува и нападот на Израел врз иранските нафтени постројки, што доведе до зголемување на цената на нафтата.
Иран во вторникот лансираше повеќе од 180 ракети кон Израел, велејќи дека тоа е одмазда за убиствата на лидерите на Хезболах и Хамас, како и за агресијата во Газа и Либан.
Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху вети дека Иран ќе „плати“ за нападот.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Саудискиот врховен муфтија до војниците: Бидете подготвени…
Саудиска Арабија доби една од најсилните јавни…
Нов бран напади врз Саудиска Арабија: Хутите…
Саудиска Арабија повторно се најде под масовен…
ВИ-агент на „Опен еј-ај“ повторно проби на…
Од „Опен еј-ај“ (OpenAI) соопштија дека уште…
Србија ja продолжи забраната за извоз на…
Србија ја продолжи привремената забрана за извоз…
Рубин Земон, човекот кој го негираше македонскиот…
На Венко Филипче и СДС не може…