МНР на Бугарија уште еднаш ја отфрли понудата на Орбан
Нема да влегуваме во стапиците на Бугарија која е во предизборие, сакаме достоинствено решение со почитување на меѓународните стандарди – изјави премиерот Христијан Мицкоски, по пораката од бугарското МНР дека евроинтеграциите се по заслуга и не е дозволено посредништво меѓу унијата и земја кандидат. Тој повтори дека Македонија е подготвена за дијалог со соседите со цел да се најде заеднички јазик без ултиматуми, сега вели дека се чека сигнал од другата страна.
-Бугарија, бугарската Влада, бугарскиот претседател и политичари сакаат сега да ја вовлечат темата Македонија таму во нивното предизборие. Јас сум го кажал тоа повеќе пати, ние нема да бидеме наивни и да влегуваме во такви замки. Имаме наш интерес и наша цел и сакаме да чекориме цврсто кон реализирање на тој наш интерес и нашата цел. Што се однесува до разговорите со нашиот источен сосед ние сме подготвени кога сакаат и врз основа на која платформа или план сакааат да седнеме да разговараме и да најдеме решение и нормално, да ги почитуваме меѓународните стандарди.- Христијан Мицкоски – премиер на Македонија
Од бугарското министерство за надворешни работи вчера реагираа преку соопштение, дека македонските власти го доведувале во прашање принципот на почитување на договорите, а меѓудругото уште еднаш ја отфрлија понудата на унгарскиот премиер Орбан кој неодамна рече дека е подготвен во име на земја-претседавач со ЕУ да посредува меѓу двете држави.
Од друга страна, на домашен терен опозициската СДСМ од власта бара затворена собраниска седница во врска со понатамошните чекори во евроинтеграциите, за која премиерот Мицкоски рече дека ќе анализираат па ќе дадат одговор.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
МНР на Бугарија уште еднаш ја отфрли…
Нема да влегуваме во стапиците на Бугарија…
Макрон повика на стопирање на испораката на…
Францускиот претседател Емануел Макрон повика денеска да…
Загина тракторист од Муртино откако врз него…
Загина Ж.Ј.(63) од село Муртино, струмичко, додека…
Иран бара зголемена соработка со Русија за…
Иран побара зголемена сателитско-разузнавачка соработка со Русија,…
(Видео) Нови страотни снимки од уништениот регион…
Владата на Федерацијата Босна и Херцеговина организираше…