Украинската армија соопшти дека соборила руски борбен авион
Руски авион Су-25 бил соборен во близина на градот Константинивка, во областа Доњецк, изјави шефот на воената администрација на градот, Сергиј Горбунов, за украинската јавна телевизија. Објавените фотографии прикажуваат остатоци од авион, откако се урнал врз куќа, предизвикувајќи пожар.
Од своја страна, руските сили објавија дека денеска го зазеле селото Желане Друе, исто така во Доњецката област.
Доколку оваа информација се потврди, тоа значи дека селото паднало под руска контрола само три дена по повлекувањето на украинските сили од градот Угледар, кој се наоѓа на околу 33 километри оддалеченост, каде повеќе од две години се водеа жестоки борби.
Иако загубата на Угледар е малку веројатно дека драстично да го промени текот на војната, таа укажува на влошувањето на позицијата на украинската армија, делумно како резултат на одбивањето на САД да дозволат на Киев да изведува удари длабоко во руската територија, што спречува Украина да ја уништи руската воена моќ, забележуваат американски медиуми.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Уапсен 18-годишник, осомничен за лажна дојава за…
18-годишник од Тетовско е осомничен за лажна…
Руската разузнавачка служба тврди дека Брисел сака…
Руската Служба за надворешно разузнавање (СВР) објави…
Со пиштол и се заканувал на сопругата…
МВР информира дека доцна синоќа во 22:05…
Сара Ѓорѓиеска пуштена на домашно лекување
По тешките повреди што ги доби во…
ГРЦИЈА ОБЈАВИ ДЕТАЛИ ЗА ПЛАНИРАНИОТ АТЕНТАТ –…
План за атентат врз лице во Грција,…