Продолжува потрагата по исчезнатите во поплавите во БиХ
По катастрофалните поплави во Босна и Херцеговина, продолжува потрагата по исчезнатите. Според официјалните податоци, 16 лица загинале во поплави и одрони. Најтешко е во Јабланица. Исчезнаа цели семејства. Во моментов се трага за 15 лица кои изчезнаа во поплавите.
Шефот на Делегацијата на Европската унија во Босна и Херцеговина, Луиџи Сорека изјави дека Босна и Херцеговина го активирала механизмот за цивилна заштита на ЕУ и дека тимови за одговор пристигнуваат во земјата погодена од големи поплави.
„ЕУ стои со Босна и Херцеговина! Солидарност на дело“, рече Сорека на платформата Х.
Локалните власти соопштија дека успеале да воспостават патна комуникација меѓу Мостар и Јабланица, но само за возила на спасувачките служби и за итни случаи.
Сите служби се на терен, нон-стоп без прекин“, заедно со нив на терен се и околу 300 волонтери, соопштија локалните власти.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Гренланд ги демантира тврдењата на Трамп за…
Гренланд денеска ја оспори изјавата на американскиот…
Нетанјаху: Нема да го нападнеме Иран пред…
Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху изјави дека не…
(Видео) ХАОС ВО ТИРАНА: Втора вечер судири…
Албанската полиција вечерва употреби водени топови против…
НОВ НАПАД ВО ЦРНОТО МОРЕ: Дрон погоди…
Нов инцидент во Црното Море дополнително ја…
Контејнерски брод потона во близина на Ормуската…
Контејнерскиот брод „GFS Pride“ потона во близина…