Претрес во Кавадарци, пронајдена дрога
На 05.10.2024 во 03.30 часот во Кавадарци полициски службеници од ОВР Кавадарци го лишиле од слобода Л.К.(51) од село Ваташа, кавадаречко, затоа што при преглед во неговото патничко возило „пежо“ со кавадаречки регистарски ознаки биле пронајдени бела прашкаста материја и стаклен предмет. Л.К. бил задржан во полициска станица и известен бил јавен обвинител.
По издадена наредба од Основен суд Кавадарци, од страна на полициски службеници за недозволена трговија со дрога од ОВР Кавадарци бил извршен и претрес во неговиот дом, каде биле пронајдени и одземени бела прашкаста материја, стаклен предмет со остатоци од бела прашкаста материја и дигитална вага.
По документирање на настанот против Л.К. ќе биде поднесена соодветна пријава.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
За што навистина ја гонат Ива Михајлова:…
Еден загинат, тројца повредени, директен судир на…
Нетанјаху бара нови удари врз Иран пред…
Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху во изминатите две…
Србија го сруши рекордот: Резервите на злато…
Резеврите на злато, кои се дел од…
Трамп: Премногу далеку отидовме со нападите, веќе…
Американскиот претседател Доналд Трамп, изјави дека Вашингтон…
Американски конгресмен предупредува: Русија или Кина би…
Американскиот конгресмен Ерик Бурлисон предупреди дека САД…