Објавено на:

Едно лице убиено, 10 ранети во напад со огнено оружје и нож во Израел

t

Израелската служба за итна помош денеска соопшти дека едно лице е убиено, а десет се ранети во напад со огнено оружје и нож во градот Бершева на југот на Израел.

Нападот на централната автобуска станица во овој град се случи пред годишнината од нападот на Хамас на 7 октомври 2023 година врз Израел, што предизвика војна во Газа, во која досега загинаа над 40 илјади луѓе.

Земјата е во зголемена готовност додека се подготвуваат комеморациите.

Израелската полиција не го идентификуваше напаѓачот, но изјави дека нападот се смета за терористички.

Од почетокот на војната, Палестинците во Израел извршија повеќе напади со огнено оружје, нож и возила.

Пред неколку дена, седум лица беа убиени во вооружен напад во Тел Авив, кога еден Палестинец отвори оган врз група луѓе, исто така на автобуска станица. Напаѓачот беше убиен од припадници на безбедносните сили.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Руската разузнавачка служба тврди дека Брисел сака…

Руската Служба за надворешно разузнавање (СВР) објави…

Со пиштол и се заканувал на сопругата…

МВР информира дека доцна синоќа во 22:05…

Сара Ѓорѓиеска пуштена на домашно лекување

По тешките повреди што ги доби во…

ГРЦИЈА ОБЈАВИ ДЕТАЛИ ЗА ПЛАНИРАНИОТ АТЕНТАТ –…

План за атентат врз лице во Грција,…

НОВИ 10 МИЛИЈАРДИ ЕВРА ЗА ИСКОП НА…

Европратениците насочија дополнителни десет милијарди евра за…