Галант: Ниту еден авион не е оштетен од иранските ракетни напади
Иранските ракети не ја ни допреа способноста на нашите воздушни сили – ниту една ескадрила не е надвор од фунцкија, ниту пак еден авион не е оштетен од нападите пред неколку денови – ова го соопшти израелскиот министер за одбрана Јоав Галант на новинарско прашање при посетата на воздушната база Неватим во пустината Негев која била цел на иранските ракети.
„Кој и да мисли дека обидот за нанесување штета ќе не одврати од акција, треба да ги погледне нашите постигнувања во Газа и Бејрут“, кажа Галант.
Британски „Гардијан“ објави дека оваа база била директно погодена од 32 ракети, а Галант кажа дека израелските воени операции не се нарушени и дека Израел е силен и во одбрана и во напад, што ќе го покаже на начин, време и место што ќе го избере.
Иран соопшти дека во ракетниот напад во вторникот биле погодени две воздушни бази на Израел, што било одговор на убиството на лидерот на либанскиот Хезболах Хасан Насала и иранскиот генерал Абас Нилфорушан во нападот на Бејрут на 27 септември.
По ракетниот напад на Израел, израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху рече оти Иран направил голема грешка и дека ќе плати за тоа.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Руската разузнавачка служба тврди дека Брисел сака…
Руската Служба за надворешно разузнавање (СВР) објави…
Со пиштол и се заканувал на сопругата…
МВР информира дека доцна синоќа во 22:05…
Сара Ѓорѓиеска пуштена на домашно лекување
По тешките повреди што ги доби во…
ГРЦИЈА ОБЈАВИ ДЕТАЛИ ЗА ПЛАНИРАНИОТ АТЕНТАТ –…
План за атентат врз лице во Грција,…
НОВИ 10 МИЛИЈАРДИ ЕВРА ЗА ИСКОП НА…
Европратениците насочија дополнителни десет милијарди евра за…