Бензините и дизелот поскапуваат за еден денар

t

Регулаторната комисија за енергетика, водни услуги и услуги за управување со комунален отпад на Република Македонија (РКЕ) донесе Одлука со која се врши зголемување на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 1,81% во однос на одлуката од 30.9.2024 година.

Малопродажните цени на бензините ЕУРОСУПЕР БС-95 и ЕУРОСУПЕР БС-98 и на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) се зголемуваат за 1,00 ден/лит. Малопродажната цена на Екстра лесното масло за домаќинство на (ЕЛ-1) се зголемува за 1,50 ден/лит. Малопродажната цена на Мазутот М-1 НС се зголемува за 1,108 ден/кг и сега ќе изнесува 42,780 ден/кг.

Од 8.10.2024 година од 00:01 часот максималните цени на нафтените деривати ќе изнесуваат:

Моторен бензин ЕУРОСУПЕР БС – 95 75,50 (денари/литар)
Моторен бензин ЕУРОСУПЕР БС – 98 77,50 (денари/литар)
Дизел гориво ЕУРОДИЗЕЛ БС (Д-Е V) 68,50 (денари/литар)
Масло за горење Екстра лесно 1 (ЕЛ-1) 68,50 (денари/литар)
Мазут М-1 НС 42,780 (денари/килограм)

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Девет лица се уапсени под сомнение за…

Девет лица се уапсени на северот во…

Инцидент во близина на воена база во…

Британската полиција соопшти дека уапсила неколку мажи…

Вандализирано детско игралиште во Карпош 1

За жал, повторно сме сведоци на вандализам…

Македонија ја посетиле 741.446 туристи за 7…

Македонија во првите седум месеци од 2026…

Кај гостиварец и тетовец пронајдена марихуана

На 26.09.2026 во 12:30 часот на ул.„Мара…