Поранешниот шеф на НАТО е нов шеф на Минхенската безбедносна конференција
Генералниот секретар на НАТО во заминување ќе ја продолжи кариерата како нов претседавач на Минхенската безбедносна конференција (МСЦ).
„Јенс Столтенберг ќе стане следниот претседавач на Минхенската безбедносна конференција (MSC) во февруари 2025 година“, се наведува во соопштението за печатот.
„Голема чест ми е да служам како претседавач на Минхенската безбедносна конференција и да придонесам за нејзината мисија „мир преку дијалог“. Неколку меѓународни платформи се толку важни како MSC за промовирање на спречување конфликти, дијалог и меѓународна соработка“ изјави Столтенберг.
Поранешниот холандски премиер Марк Руте ја презеде функцијата генерален секретар на НАТО на 1 октомври, заменувајќи го Норвежанецот Јенс Столтенберг, кој ја предводеше алијансата една деценија.
НАТО во јуни објави дека Руте (47) е формално потврден за шеф на воената алијанса, на местото на Јенс Столтенберг, чиј мандат беше продолжен поради војната во Украина.
Тој беше единствениот кандидат откако романскиот претседател Клаус Јоханис се повлече од трката.
Сојузниците на НАТО во јуни 2023 година се договорија да го продолжат мандатот на 65-годишниот Столтенберг за уште една година до 1 октомври 2024 година. Тој е 13-ти генерален секретар на НАТО од 2014 година.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Столтенберг: Досега не видовме вистинска волја од…
Досега не видовме вистинска волја од страна…
Столтенберг и Мили согласни: Мора да се…
Двајцата топ западни официјални лица рекоа дека…
Столтенберг ги повика сите страни во Косово…
Генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг, ги…
Столтенберг: НАТО масовно ќе го зголеми бројот…
НАТО масовно ќе го зголеми бројот на…
Столтенберг: Работиме со Турција за да ги…
-Генералниот секретар на НАТО Јенс Столтенберг изрази…