Путин го разреши Анатолиј Антонов од функцијата руски амбасадор во САД
Претседателот на Русија, Владимир Путин, со указ го разреши досегашниот амбасадор во САД, Анатолиј Антонов, од таа позиција, како и од позицијата постојан набљудувач на Руската Федерација во САД.
Како што пренесува Интерфакс, претседателскиот декрет од 10 октомври е објавен на официјалниот интернет портал за правни информации.
Руското Министерство за надворешни работи минатата сабота соопшти дека Антонов ја завршил службата во Вашингтон. Дипломатот беше назначен за руски амбасадор во САД во август 2017 година.
На 7 октомври, помошникот на рускиот претседател, Јуриј Ушаков, им изјави на новинарите дека во моментов се работи на избор на нов руски амбасадор во САД, кој ќе го замени Антонов.
„Амбасадорот работеше за нас долго време. Работеше во навистина тешки услови, кога односите со САД беа практично на нула, без постојани контакти со претставници на американската администрација. Работата беше тешка“, рече Ушаков.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Русија нападна брод под либериско знаме во…
Русија нападнала товарен брод под либериско знаме…
Русија ги повика странците и дипломатите да…
Русија денес објави дека ќе продолжи да…
Млада лаборантка почина од чума во Русија,…
Жена почина од белодробна чума во регионот…
Американско-украинскиот фонд го склучи првиот голем договор…
Заедничкиот американско-украински инвестициски фонд за обнова го…
САД им се заканија на Германија и…
Владата на САД ги предупреди Германија и…