По заминувањето на Тачи, Села тврди дека фронтот на ДУИ е стабилен
Политиката е даден збор и сите пратеници од Алијанса остануваат во Европскиот фронт, тврди Зијадин Села по последните турбуленции во коалицијата на ДУИ откако Мендух Тачи излезе од сјоузот. Села, прилично сигурен, дека четиримината пратеници од неговото крило нема да преминат кај албанскиот партнер во Владата, иако тројцата лидери од Вреди – Меџити, Касами и Таравари тврдат дека се разговара со народни избраници од Европскиот фронт за промена на страната. Тој вели Европскиот фронт е стабилен.
Токму Села беше споменуван како причина Тачи да го напушти Фронтот на ДУИ. Лидерот на ДПА при напуштање на коалицијата рече дека останува во контакт и понтаму со лидерот на ДУИ Ахмети, што упати на тоа дека проблемот е во останатите колцииски партнери. Села и Тачи беа во судир при поделбите во ДПА, но лидерот на Алијанса сега тврди дека во рамките на коалицијата имале коректни односи.
По напуштањето на Тачи, Европскиот фронт на ДУИ се сведе на 17 пратеници.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
И Македонија и Србија бараат помош од…
И Македонија и Србија за проблемот со…
По заминувањето на Тачи, Села тврди дека…
Политиката е даден збор и сите пратеници…
Почна пријавувањето за вакцинација против сезонски грип
Преку веб-страницата vakcinacija.mk, од денеска започна пријавувањето…
Која е Марија Митева – новата портпаролка…
Марија Митева е нов портпарол на Владата.…
Авион на „Ер Србија“ полета од Бејрут…
Авион на „Ер Србија“ полета од аеродромот…