ЗЛАТНИ ДЕЦА! 1200 ученици во Прилеп го формираа македонското знаме!

t

“Со голема гордост денес ја продолжуваме традицијата на формирање на македонското знаме во срцето на нашиот град Прилеп!” нашиша градоначалникот на Општина Прилеп, Борче Јовчески.

Неговиот статус ви го пренесуваме во целост:

Оваа година, повторно 1200 ученици од сите основни и средни училишта од Прилеп се здружија за да го формираат нашиот најголем национален симбол – македонското знаме. Возобновувањето на оваа прекрасна традиција ја зацврстува нашата љубов кон татковината и нејзините вредности, а воедно е дел од богатата програма посветена на 11 Октомври.

Ова е повеќе од перформанс – тоа е израз на нашата почит кон историјата, кон сите оние кои се бореле за слободата и независноста на Македонија. Симболично, преку овие млади генерации, ја негуваме љубовта кон татковината и ги всадуваме основните вредности на слободата, демократијата и почитта кон националните симболи.

Нашата иднина е во рацете на овие млади луѓе, и затоа е клучно да ги учиме на важноста на историјата, на сплотеноста и љубовта кон нашата татковина. Со нивната енергија и ентузијазам, ние се движиме напред кон нови достигнувања, горди на минатото и полни со надеж за иднината.

Да живее Република Македонија!” напиша Јовчески на социјалните мрежи.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Бајден: Не излегувајте на патиштата

Американскиот претседател, Џо Бајден, се огласи на…

ЗЛАТНИ ДЕЦА! 1200 ученици во Прилеп го…

“Со голема гордост денес ја продолжуваме традицијата…

Грузиец фатен со наркотици во центарот на…

Полицијата вчера и денеска по полноќ апсеше…

Кривична против две лица, земале брз кредит…

Поднесена е кривична пријава против две лица…

Со нож се обидел да си го…

Тетовската полиција поднесе кривична пријава против 22-годишниот…