Кралот Чарлс нема да се противи доколку Австралија одлучи да стане република
Британскиот крал Чарлс Трети изјави дека нема да се спротивстави на Австралија да стане Република, велејќи дека зазема „антиконфронтациски пристап“ пред посетата на Австралија каде што ќе разговара со австралиските активисти кои се залагаат Австралија да стане Република.
Претставниците на Австралиското републиканско движење треба да се сретнат со кралот Чарлс подоцна овој месец на нивно барање, објави Дејли мејл.
Портпаролот на Бакингемската палата рече дека кралот Чарлс, како и неговата мајка, кралицата Елизабета Втора пред него, чувствува дека тоа е прашање на австралискиот народ.
Движењето наведува дека во име на австралискиот народ се залага Австралија да биде Република со Австралијанец како шеф на држава.
Во 1999 година во Австралија се одржа референдум за тоа дали земјата треба да стане Република, на кој 54,9 отсто од граѓаните се изјаснија против.
Австралискиот премиер Ентони Албанес претходно изјави дека „Австралија треба да има Австралијанец за шеф на државата“, но неодамна изјави дека одржувањето на нов референдум не е приоритет.
Посетата на кралот Чарлс на Австралија ќе биде неговата најзначајна турнеја во странство откако му беше дијагностициран рак и прва посета на Австралија откако дојде на тронот.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Кралот Чарлс нема да се противи доколку…
Британскиот крал Чарлс Трети изјави дека нема…
Лидерите на САД, Индија, Јапонија и Австралија…
Американскиот претседател Џозеф Бајден и премиерите на…
Хорор: Поранешен воспитувач во градинка признал 307…
Поранешниот наставник во градинка Ешли Пол Грифит…
Австралија регистрираше рекордно висока зимска температура
Австралија денеска регистрираше рекордно висока зимска температура,…
Австралија ќе обезбеди рекорден пакет воена помош…
Австралиската влада ќе и го обезбеди на…