Германски работник за 45 години заработува пензија од 1.500 евра

t

Вработените во Германија долго време одвојуваат дел од заработката за задолжителна пензија, а на крајот добиваат малку. Поточно, просечната пензија по 45 години и два месеци работа е 1.500 евра, јавува ДПА.

За пензија од 1.250 евра, вработен мора да работи и да плати придонес 37 години и седум месеци, соопшти Министерството за социјална заштита.

За пензија еднаква на минималната осигурена сума од 938 евра, работникот треба да плати 28 години и три месеци.

Пресметката Министерството ја заснова на претпоставката дека вработениот се пензионирал на 1 јануари годинава, откако ја примил просечната плата и просечните исплати на пензискиот фонд.

Сепак, многумина не го заработуваат националниот просек. Според податоците на државното осигурување, годинава тоа е 45.358 евра, што укажува дека милиони во Германија и по повеќедецениска работа не добиваат соодветна пензија.

За 1.500 евра месечно, во текот на работниот век морале да платат 119.066 евра, одбивајќи од вкупната бруто-заработка од 1,25 милиони евра.

За 1.250 евра за тие 37 години и седум месеци треба да платат 107.800 од бруто 107.810, а за основната пензија од 938 евра, тоа е 88.497 евра издвоена од бруто-заработката од 921.735.

Левица, најмалата партија во Бундестагот, бара зголемување на сите пензии за 10 отсто.

„Германскиот пензиски систем е погоден од политиката на социјалдемократите (СПД), Зелените и либералите (ФДП). Пензионерите добиваат премалку по долги исплати.“, рече Пелман, шеф на парламентарната група на Левицата.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Германски работник за 45 години заработува пензија…

Вработените во Германија долго време одвојуваат дел…

Бајден ја откажа посетата на Германија поради…

Американскиот претседател Џо Бајден ја откажа посетата…

Германија: Сите германски државјани итно да го…

Германија го повика иранскиот амбасадор за да…

(Видео) Xаоc во Германија: Bооpyжен Cиpиец влетал…

Вооружен Сириец (41) влетал со комбе во…