Црни сценарија од Будимпешта: Влез на Украина во НАТО ќе значи…
Пристапувањето на Украина во НАТО би значело директна конфронтација меѓу Алијансата и Русија и би довело до трета светска војна, изјави унгарскиот министер за надворешни работи Петер Сијарто.
Според него, од почетокот на конфликтот во Украина, Будимпешта повлече црвени линии – една од нив е дека мора „да направи се за да избегне каква било форма на директна конфронтација меѓу НАТО и Русија“.
„Значи, во случај Украина да стане членка на НАТО, тоа ќе значи директна конфронтација меѓу НАТО и Русија. А тоа ќе значи трета светска војна. Ние едноставно сакаме да го избегнеме тоа. Затоа ова прашање (влезот на Украина во НАТО) не ни е на дневен ред“, изјави Сијарто за Спутник.
Според него, повеќето негови колеги од земјите на НАТО во разговори со претставници на Украина зборуваат за евентуален влез на Киев во Алијансата, но во затворен круг признаваат дека тоа е невозможно.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Русија се закани со нуклеарен одговор во…
Руската амбасада во Велика Британија денеска предупреди…
Украинскиот град Олешки се соочува со глад…
Украинските сили доставија околу 4 тони храна…
Руски дронови ја запалија украинската Национална академија…
Руски беспилотни летала го нападнаа центарот на…
Зеленски: Путин постојано наоѓа изговори за да…
Русија бара каков било изговор за да…
Свештеник почина по напад со нож во…
Еден свештеник почина, а уште четири лица…