Стока шверцувана од Македонија, запленета од косовската царина

t

Косовската полиција во соработка со косовската царина запленила значително количество стока за која постои сомневање дека е шверцувана од Македонија. Како што соопшти косовската полиција, вредноста на шверцуваната стока, без царинско затајување, се проценува на околу 120.000 евра.

– Во спроведување на мерките за спречување и сузбивање на незаконитоста и шверцот, засилени се тактичко-оперативните контроли на граничниот појас Република Северна Македонија – Република Косово, при што се идентификувани три сомнителни возила, за кои постоел сомнеж дека превезуваат криумчарена стока. Пријавените биле во 3 возила, од кои две возила за придружба со локални регистарски таблички и комбе без регистарски таблички, за кое постоело сомневање дека е натоварено со шверцувана стока. Полициските службеници успеале да го лоцираат сомнителното возило управувано од осомничениот Косовец, каде при пребројување на шверцуваната стока, за која пријавениот не поседувал никаков документ за потеклото на стоката, е откриена и запленета шверцуваната стока – се наведува во соопштението.

Полицијата ја објави и содржината на запленетата стока.

– Пронајдена и одземена е следната стока: 1.750 кутии „Чесгтерфилд“ со 350.000 цигари, 250 кутии електрични цигари „Тереа“ – 50.000 цигари, 3.200 машини за полнење цигари, 2.000 запалки, 50 парчиња стаклени шишиња за наргиле и 3.000 влошки за чевли – велат од полицијата.

На осомничениот во овој случај му е одредена мерка притвор во траење од 48 часа, додека по налог на надлежен обвинител стоката и возилото се одземени и испратени на царинскиот терминал.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Сиљановска Давкова: Верувам дека нема да дозволиме…

Претседателката Гордана Сиљановска Давкова денеска се обрати…

Стока шверцувана од Македонија, запленета од косовската…

Косовската полиција во соработка со косовската царина…

„Гардијан“: Германија го блокираше извозот на оружје…

Германската министерка за надворешни работи Аналена Бербок…

Србија: БРИКС е вистинска алтернатива на ЕУ

Брисел не го гледа Белград како вистински…