Над 20 илјади граѓани излегле од Македонија за продолжениот викенд

t

Над 29.000 македонски државјани ја напуштиле државата преку граничниот премин Табановце за време на празничниот викенд, соопштија денеска од Министерството за внатрешни работи. За викендот, над 14.000 странски државјани влегле во Македонија.

Според податоците на МВР, на 11 октомври, во петокот, од Македонија излегле 20.952 македонски и 14.800 странски државјани. Во саботата, фреквенцијата на излез опаднала на 5.946 македонски и 5.724 странски државјани. Вчера, излегле 2.528 македонски и 4.514 странски државјани.

Во исто време, на 11 октомври, влезле 3.874 македонски и 4.201 странски државјанин. На 12 октомври, влезот се зголемил на 5.101 македонски и 5.097 странски државјани. Најмногу македонски граѓани влегле вчера, со бројка над 13.000 (13.635), а од странски државјани, 4.718.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Молдавија од денес влезе во 60-дневна вонредна…

Молдавија од денес, 26 септември, официјално влегува…

Ивановски: Филипче и неговата група станаа фракција…

Поранешниот потпретседател на СДСМ и еден од…

Мицкоски: На Македонија ѝ треба силна опозиција,…

„Јас жалам повторно што дури и оваа…

Мицкоски: Ние ги презентираме нашите аргументи, во…

Јас не можам да зборувам од аспект…

(Фото) Македонското знаме се крена над Њујорк:…

Во чeст на 35 годишнината на независноста,…