Блинкен: САД се обидуваат да спречат ескалација на насилството на Блиски Исток
Државниот секретар на САД, Ентони Блинкен на Асоцијацијата на земји од Југоисточна Азија (АСЕАН) во Виетнам изрази загриженост поради тешката ситуација на жителите во Појасот Газа и конфликтот на Блиски Исток.
Тој истакна дека САД прават сè што е во нивна моќ за да спречи ескалација на насилството.
-Вниманието на САД, и тоа е така веќе една година, е насочено токму на ова: да се спречи ескалација на овие конфликти. Секој ден работиме на тоа, посочи Блинкен, додавајќи оти Вашингтон е во директна комуникација со Израел, во која ја нагласуваат потребата да се обезбедат хуманитарните потреби на жителите на Газа.
Тој наведе и дека Израел има право да се брани од нападите на Хезболах. Според него, Тел Авив има интерес да создаде услови за десетици илјади раселени жители во јужен Либан да се вратат во своите домови.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
(Видео) АНБ ОТКРИ ИРАНСКА ПРОКСИ МРЕЖА ВО…
АНБ во соработка со МВР откри и…
56-годишна жена тешко повредена откако била удрена…
Жена од Тетово се здобила со тешки…
Познат идентитетот на загинатиот воен пилот, се…
Авион МиГ 29 на српската армија од…
Си-Ен-Ен: Американското разузнавање верува дека Иран подготвува…
Нови разузнавачки информации на САД укажуваат дека…
СКАНДАЛ ВО ГЕРМАНИЈА: Милиони документи на Дојче…
Повеќе од 15 милиони доверливи документи и…