Каришиќ : Влатко Кешишев ни кажа каде е телото на Вања!

t

Судењето за убиствата на Вања Ѓорчевска и на Панче Жежовски продолжува денеска во Кривичниот суд во Скопје. Во моментов пред судот сведочи полицискиот службеник Музафер Каришиќ поранешен помошник началник на СВР Скопје за криминалистички работи.

Музафер Каришиќ:

О – кога го запознавте обвинетиот Влатко Кешишев?

– Првпат го видов вечерта кога се изврши претрес во просториите на партијата Десна кадешто беше приведен со уште две лица затекнати таму.

О – кога извршивте разговор со него и во чие присуство?

– Разговорот се одвиваше од страна на инспекторите, ние решивме да го извршиме разговорот со Влатко Кешишев откако кажаа дека не можат ништо да извадат од него, дека ништо не кажува. Тогаш отидовме ние како старешини, влеговме да поразговараме уште еднаш.

О – ве однесе ли некаде обвинетиот Влатко Кешишев, КАДЕ?

– Да, тоа беше чуден след на околности. Почна да збори дека е лош човек, нечовек, даваше индиции дека нешто чудно се случува со него, меѓутоа сакаше да разговара со мене и кажа дека ќе ме однесе негде да ми покаже нешто, но бараше да бидеме сами. Јас му кажав дека не можам да одам сам со него, правилата се такви, тогаш побара, се плашел од останатите колеги, ако дознае Палчо ќе ме убие. По кратко уверување дека нема да се случи тоа, рече ајде ќе одиме, бараше да изменаџирам колегите да не знаат.

О – Тргнавте со Влатко Кешишев?

– Да. тргнавме, отидовме до запаленото возило, цитроенот, ние знаевме дека е таму цитроенот но тоа беше негово барање демек да се маскира дека не ме води на местото, туку на друго место. Тој сакаше, па не сакаше да каже нешто, за да во еден момент каже ајде ќе ве однесам. Отидовме, на 300-500 метри од возилото, рече да искочиме, пак тргна назад, сакаше да каже, па не може, за да во едно време рече ајде добро. Јас го прашував каде, во тој момент ми посочи го главата, нејќеше со рака да покаже, со глава покажа, ги собрав колегите. Покажа накај некои перници, рече јас стоев со нив, рековме да почнеме да копаме, го замоливме сите колеги да каже каде, ги тргнавме перниците, почнаа колеги да копаат, тогаш ме фати за рака, рече ќе кажам нешто тука има нешто. Прашав кој, рече девојчето што го утепаа, почнавме да копаме, до моментот кога се виде косата, веѓата и едната нога, престанавме да копаме и тој спомна Велимир и Палчо, рече ја земаа и тука ја фрлија. Тогаш ме повика знаеш ли кој беше во цитроенот, Боре, каратистот од Велес.

О – се изврши увид на местото на настанот, се презедоа сите дејствија?

– Да

О – со другите обвинети имавте комуникација?

– Не, еднаш влегов мислам дека во канцеларија само, со Александар исто така немав понатаму разговори.

О – колкава екипа бевте ангажирани, како ви се одрази ова на здравјето?

– Од првиот ден кога се пријави исчезнувањето на девојчето не престанавме, тоа беа речиси седум дена споени денови и ноќи, одевме само блиц некој да земе трапија и слично.

О – кратко, пред критичниот момент на пронаоѓање на телото на Вања. Од страна на Гоце ви дал снимка од бензинска пумпа во Велес. Што се гледаше на снимката?

– Се гледаше Панче, возилото не беше јасно.

О – дали во моментот кога ви е пратена таа снимак вие имате информации дека се поврзани исчезнувањата на Вања и Панче?

– Не, не ни беше јасно зошто ги праќаат снимкие.

О – какво беше објаснувањето од Гоце и Алексадар дека таа снимка е релевантна за исчезнувањето на Вања.

– Немаше објансување, само кажа дека има братучед, не може да каже повеќе.

О – рековте во моментот не сте знаеле многу, како се поврзува подоцна снимката? Дали отпосле ви стана јасно кое е лицето кое седи до Панче?

– Лицето до Панче ни го кажа Кешишев, на камерите не можеше да се види, ние прашувавме дали знае нешто за Панче, но тогаш кажа дека лицето што седеше со Панче е Боре Видевски.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Каришиќ: Таткото на Вања ни велеше дајте…

Денеска продолжува судењето за убиството на Вања…

Амбасадорот на Кина: Кинеско-српските односи во моментов…

Амбасадорот на Кина во Србија, Ли Минг,…

(Фото) Tри илјади Севернокорејци ќе го бранат…

До 3.000 војници ќе брои севернокорејскиот баталјон…

Каришиќ : Влатко Кешишев ни кажа каде…

Судењето за убиствата на Вања Ѓорчевска и…

Земјотрес со јачина од 5,9 степени ја…

Земјотрес со јачина од 5,9 степени според…