Цариници и полицаец „паднаа“ во рацете на органите на прогонот – година и пол примале мито за стока увезена во државата

t

Од 20 па до 150 евра мито за стока увезена во државата да помине, без да биде „прочешлана“ на граница.

Повеќемина биле дел од шемата која функционирала околу година и половина, пред вмешаните да „паднат“ во раце на органите на прогонот.

Акцијата на МВР и ОЈО со кодно име „Премин“ се одвивала вчера попладне и траела до доцна вечерта.

„Акцијата е резултат на повеќемесечна предистражна постапка што обвинителството во соработка со Одделот за сузбивање на организиран и сериозен криминал при МВР ја спроведуваше по доставена пријава од граѓанин против три лица. Во текот на акцијата беа извршени претреси на 26 локации во Струмичко-гевгелискиот регион и притоа се лишени од слобода 14 царински службеници од Царинската управа на РСМ, еден пензиониран царински службеник и еден полициски службеник. При претресите се пронајдени парични средства што биле примени како поткуп, во вкупен износ од 50.000 евра“, вели Гоце Андреевски, портпарол на МВР.

До судија на претходна постапка веќе е поднесен предлог за определување мерка притвор за дел од осомничените.

Останатите ќе имаат обврска повремено да се јавуваат на определено службено лице, привремено ќе им бидат одземени патните исправи и ќе имаат забрана за преземање на работни активности поврзани со кривичното дело.

„Ценејќи дека се исполнети законските услови, предметниот јавен обвинител до судијата на претходна постапка при Основниот кривичен суд Скопје поднесе предлози за определување на мерка притвор спрема шестмина осомничени, додека за останатите десет осомничени лица предложи мерки на претпазливост“, се вели во дел од соопштението на Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција.

Според диспозитивот од кривичната пријава, тринаесет од осомничените лица како вработени во Царинската управа кои биле распоредени во Царинските испостави Ново Село и Дојран сториле кривично дело Примање поткуп по член 357 став 1 од КЗ.

За ова кривично дело е предвидена казна затвор од четири до десет години.

Две лица се пријавени за кривично дело Злоупотреба на службена положба и овластување по член 353 од КЗ и тоа е казниво со казна затвор од шест месеци до 3 години.

извор: telma

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Словачкиот премиер Фицо рече дека гледа голема…

Ова Фицо го изјави пред заминувањето на…

Започнува Пиволенд – Еве кој сè настапува

Започнува 13-тото издание на најстариот и единствен…

Велика Британија и Франција свикаа итен состанок…

Велика Британија и Франција свикаа итен состанок…

Македонски државјанин предводел терористичка група во Австрија,…

Maкедонски државјанин водел терористичка група во Австрија…