Објавено на:

Русија сака да го забрани промовирањето живот без деца

t

Пратениците од Долниот дом на рускиот парламент денеска во прво читање го усвоија предлог-законот со кој се бара да се забрани промоцијата на живот без деца, во светло на демографската криза влошена од конфликтот во Украина и со цел да се заштитат „традиционалните вредности“ за кои се залага Кремљ.

Предлог-законот беше усвоен едногласно, но тој допрва треба да се гласа во второ и трето читање.

„Силното семејство беше прогласено за традиционална вредност во Русија во 2022 година. Една од заканите за традиционалните вредности е промовирањето во руското општество на идеологијата за живот без деца, што доведува до слабеење на општествените институции и создава околности за депопулација“, посочуваат во образложението авторите на текстот, меѓу кои и претседателката на Горниот дом на парламентот Валентина Матвиенко и претседателот на Думата Вјачеслав Володин.

Според нив, неколку заедници и групи на Интернет промовираат таков начин на живот и имаат агресивен однос кон луѓето кои имаат деца.

„Затоа, треба да се создаде механизам за заштита на традиционалните вредности“,објаснуваат авторите, предлагајќи да се забрани промоција на живот без деца на Интернет, во медиумите, во филмовите и во рекламите.

Според овој предлог-закон, физичкото лице може да се казни со околу 4 000 евра, службените лица двојно повеќе, а правните лица до 47 000 евра доколку промовираат живот без деца.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Русија сака да го забрани промовирањето живот…

Пратениците од Долниот дом на рускиот парламент…

Трамп повторно тврди дека мигрантите од Хаити…

Републиканскиот кандидат за претседател на САД, Доналд…

Филков: Овозможивме жртвите од кривично дело со…

Изминатиот период Министерството за правда интензивно работеше…

Орбан за планот на Зеленски: Тоа е…

Унгарскиот премиер Виктор Орбан денеска изјави дека…

(Видео) Украина ќе влезе во НАТО, тоа…

„Украина ќе стане 33-та или 34-та членка…