Началникот Димовски: Нашата прва верзија беше таа доброволно влегла во автомобил
Во случајот за убиствата на Вања Ѓорчевска и на Панче Жежовски, денеска исказ дава началникот Дејан Димовски.
ПРАШАЊА ОД СУДИЈА за началникот Дејан Димовски
с – зошто мислите дека не може да излеза Вања од дома пешки, а да не биде видена од камерите?
д – немаше шанса тоа да се случи, како што е зградата, ние дојдовме кај зградата направивме цел радиус да ја забележиме дали ако излезе лево или десно од излезот на зградата и притоа увидовме дека постои мртов агол, скалите не се фаќаат на ниедна од камерите. Ама имавме камери лево десет метри од зградата и десно десет метри кај што се покрива просторот. Ако девојчето излегло пешки ќе ја фатеше некој од овие камери милион посто
с – врз основа на тоа претпоставувивте дека?
д – дека некој дошол со возило таа влегла во возилото и доброволно си заминала, ова е прва претпоставка, сметавме декае 7 и 22 мин, има гужва, во исто време од камерите увидовме дека имаше двајца комуналци што чистеа нешто, ако девојчето на сила била грабната таа ќе вриштела, ќе барала помош, ќе се свртеа овие, си метеа најнормално не се свртеа.
с – спомнавте за некаква камера на 27ми вечерта дека имало запалено возило во Бразда, каде најдовте камера за да го видите движењето на ова возило до бразда?
д -наредниот ден го најдовме, на 27ми вечерта местото беше обезбедено затоа што беше ноќе и немаше услови да се направи увид, возилото следниот ден беше подигнато и однесено за вештачење, а во возилото беа пронајдени остатоци од мобилен телефон.
с – го видовте на камера ова возило, каде најдовте камера?
д – тоа е на 28ми колегите по завршување на увидот да видат како може да се дојде до таму, се движат по тој пат и бараат објекти каде може да забележат видео-надзор. Најдено е на општината Чучер Сандево, тоа има во белешките, дали не работеа тој ден они, неработен ден беше прогласен, беше самитот на ОБСЕ, и снимките ги обезбедивме ден или два подоцна, можеби дури на 29ти и бидејќи не можеа да ги гледаат таму го подигнаа ресиверот. На камерите се виде како поминува прво Цитроенот, кој подоцна е запален, а после тоа поминува, после минута, помалку од минута поминува возело кое е кангото. Не знам регистарски ознаки, скопски се, возило во сопственост на Лита Ќириќ.
с – вие рековте дека поврзаноста меѓу двата настани ја утврдивте многу подоцна, кога го пронајдовте телото на Вања.
д – поврзаноста на двата настани ја утврдивме кога го пронајдовме телото на Вања
с – кој ден ви прати порака таткото на Вања од возилото Цитроен?
д – мислам дека беше на први декември, или втори
с – пред да го откриете телото на Вања?
д – да
с – и пред да имате индиции дека постои поврзаност?
д – да, така е
с – попрецизно што ви прати таткото на Вања?
д – две видеа или фотографии, мислам фотографии дека беа на кои се гледаше Цитроенот. Едната беше карши зградата на козметичкиот салон на улицата од спротив од зградата кај што живее Вања, а другата беше на ул. Партизански Одреди, кај Жито Лукс, Зегин, седиштето на Лукоил.
с – спомнавте прееска дека таткото на Вања ви укажал на некое лице од охрид па велес, што кажа?
д – он ме бараше прво еднаш, го откачив беше гужва и му се јавив подоцна јас. На телефонот се јави Зорица, поразговаравме, ме бараше Александар и рече еве до мене е. На тој телефон ми го немаше во именик, мислам дека е сосем трет телефон, во листингот сигурно ќе излезе. Рече би ми било мило ако помогнеме со тие сликите, тоа рече Александар, сакав да ти кажам уште нешто, спомнуваше некои другарки, од тоа што они воделе истрага, има една-две другарки, да не спомнувам сега имиња, има некој како постар човек, нешто да видите за идење надвор од Скопје, нешто како Охрид, како Велес и тоа ми го нагласи како Велес, па и некои други градови од Македонија.
с – како стигнавте до кангото?
д – го имаше на тие од опшитна Чучер Сандево камери, но го имаше од страна, не со таблици, Колегите почнаа да бараат пошироко објекти со видео-надзор и на една од објектите имаше камера кадешто кога се зумираше према таблицата се видоа бројките. Кангото го најдовме во седиштето на Десна. Снимките ги дадовме во Сејф Сити, видовме каде се движи во правец кон Железничка и тука некаде застанува го имавме и точното време. По ова ги испративме колегите пешки да го прегледаат тој простор и додека одеа пешки го видоа возилото паркирано внатре во Десна. Внатре имаше и друго возило, позади беше паркирано Кангото.
с – Кешишев ве однесе до каде?
д – Сакаше да ни покаже нешто, не однесе до една височинка, прво не не однесе до местото, потоа Кешишев заедно со Музафер и уште еден колега беше напред, ние зад нив, ги следевме излеговме на земјен пат и колега рече дека одиме кај што е запалено возилото. Тука ни покажа каде е запаленото возило, потоа покажуваше со главата накај брдото, влеговме во кола и отидовме накај брдото по асфалтен пат и десно имаше земјен пат, се качивме нагоре пешки, одевме 200-300 метри дојде до раздвојување на патот. Не однесе со левата патека и не збореше само покажуваше со главата, мислевме дека ќе го најдеме Панче. На последната локација имаше некои мушами, куфери, перници бидејќи ни покажуваше со главата го растргавме тоа, почнавме да копаме, видовме дека е ровка земјата, еден колега зема лопати од селото, Кешишев копаше со нас, телото го најдовме околу 7-8 часот наутро, не се сеќавам на точниот датум, мислам дека беше на трети.
с – каде се наоѓаше за тоа време Велибор?
д – го донесоа во полициска станица во Кисела Вода
с -зошто беше тој приведен?
д -Кешишев го спомнуваше стално Веља, го утврдивме кој е. Кога видовме дека се на иста улица со Панче ни стана уште посоминтелно. Вељо ги однесе колегите до местото каде е закопан Панче.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
(Фото) Закани кон родителите од Кочани: Не…
Продолжува голготата за родителите на починатите деца…
(Видео) Необична светлина над Шар Планина: Жител…
Жител на Брезовица вчера вечерта забележал и…
Македонија претпоследна во Европа по минимална плата
Според најновите податоци на Евростат, Македонија е…
Филков: Максим Димитриевски кандидат во Куманово, ЗНАМ…
Претседавачот на Централниот одбор на ЗНАМ Игор…
Нема веќе “Никогаш Северна”: Седум години од…
На денешен ден, 17 јуни, пред точно…