Поради дефект на микрофонот, Трамп 20 минути молчеше на сцената
Доналд Трамп шеташе на бина во тишина речиси 20 минути синоќа за време на митингот во Детроит бидејќи му се расипа микрофонот. Републиканскиот кандидат и поранешен претседател на САД ја започна една од неговите омилени теми, тарифите, кога звучникот замолкна, а тој залудно тропкаше по микрофонот.
Неговите поддржувачи скандираа „САД“ и „Го сакаме Трамп“, но тој само шеташе на сцената без микрофон. Изгледаше изнервирано, повремено вртејќи го грбот кон публиката.
Ова е втор пат за една недела неговиот митинг да биде прекинат. Претходниот пат, во понеделникот, говорот на Трамп беше прекинат и се слушаше музика додека на неколку луѓе од публиката им беше пружена медицинска помош бидејќи салата беше загушлива и беше жешко.
Помошниците на Трамп, кои внимателно ги подготвуваат знамињата што ги красат неговите бини, патуваат со повеќе резервни микрофони, а не е јасно зошто во петокот не можеа да му додадат еден.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Трамп со порака до Иран: Време е…
Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека неговото…
Трамп ја откажа посетата на американските претставници…
Претседателот на САД, Доналд Трамп, во саботата…
(Видео) Трамп: Тие ја нарекуваат војна, ние…
Американскиот претседател Доналд Трамп го нарече лидерот…
Сопругот на косовската претседателка предлага изградба на…
Сопругот на претседателката на Косово, Приндон Садриу,…
Путин по разговорот со Трамп одржа состанок…
Рускиот претседател Владимир Путин одржа состанок со…