Објавено на:

Поради дефект на микрофонот, Трамп 20 минути молчеше на сцената

t

Доналд Трамп шеташе на бина во тишина речиси 20 минути синоќа за време на митингот во Детроит бидејќи му се расипа микрофонот. Републиканскиот кандидат и поранешен претседател на САД ја започна една од неговите омилени теми, тарифите,  кога звучникот замолкна, а тој залудно тропкаше по микрофонот.

Неговите поддржувачи скандираа „САД“ и „Го сакаме Трамп“, но тој само шеташе на сцената без микрофон. Изгледаше изнервирано, повремено вртејќи го грбот кон публиката.

Ова е втор пат за една недела неговиот митинг да биде прекинат. Претходниот пат, во понеделникот, говорот на Трамп беше прекинат и се слушаше музика додека на неколку луѓе од публиката им беше пружена медицинска помош бидејќи салата беше загушлива и беше жешко.

Помошниците на Трамп, кои внимателно ги подготвуваат знамињата што ги красат неговите бини, патуваат со повеќе резервни микрофони, а не е јасно зошто во петокот не можеа да му додадат еден.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Зеленски и додели орден на Меланија Трамп…

Украинскиот претседател Володимир Зеленски на првата дама…

Трамп со порака до Иран: Време е…

Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека неговото…

Трамп ја откажа посетата на американските претставници…

Претседателот на САД, Доналд Трамп, во саботата…

(Видео) Трамп: Тие ја нарекуваат војна, ние…

Американскиот претседател Доналд Трамп го нарече лидерот…

Сопругот на косовската претседателка предлага изградба на…

Сопругот на претседателката на Косово, Приндон Садриу,…