На јутјуб призна дека силувал девојка, сега е осуден e на 6 години затвор

t

Инфлуенсерот Крег Страхан (33) е осуден на шест години затвор откако признал дека силувал девојка.

Како што открија обвинителите на судењето, Крег имал 21 година кога ја силувал својата жртва во дом во Единбург во 2013 година. Тие биле во кревет, каде што тој непримерно ја допирал по телото, а кога се разбудила сфатила дека ја силувал.

Неговото име е запишано во регистарот на сексуални предатори, а исто така му е забрането да се обидува да контактира со жртвата во следните 20 години.

Ништо од ова можеби немаше да биде толку јавно доколку јутјуберот и поранешен диџеј не признаеше што направил во видеото на YouTube.

Тој откри дека бил под дејство на психоактивни супстанции. Крег потоа сподели и дека „го пронашол Бог“ во 2019 година, бидејќи постојано се чувствувал лошо земајќи предвид дека поради својата работа станувал се’ попознат во Единбург.

Однатре ме јадеше. Размислував за самоубиство. Станував популарен, а таа сенка ме следеше – изјави тогаш.

Тој почна вебинар на својот канал на YouTube, во кој зборуваше за тоа како луѓето можат да најдат сила да си простат.

Неговото признание можете да го погледнете ТУКА.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

74-годишна жена од Охрид заврши во болница…

Вчера во 18.00 часот во СВР Охрид…

Озлогласениот наркобос се врати во Колумбија по…

Еден од основачите на наркокартелот Меделин се…

ВО ЛУКСЕМБУРГ Е НАЈИСПЛАТЛИВО ДА СИ ЖЕНА:…

Родовиот јаз меѓу вработените ширум Европа и…

20-годишник тешко повреден, откако со „голф“ излетал…

20-годишен возач е тешко повреден откако со…

„Севернизација“ во Собранието: Од 41 закон се…

Владата и министерствата ја бетонираат „северна“. До…