Четири лица се повредени во престрелка во Приштина, 13 се уапсени

t

Во престрелката што се случи синоќа во Приштина четири лица се повредени, а 13 се уапсени, јавува Репортер.
Портпаролката на косовската полиција за регионот на Приштина, Фљора Ахмети, изјави дека постои сомневање дека еден од повредените е повреден од огнено оружје, додека други тројца се повредени при тепачката.

Ахмети посочи дека се идентификувани и уапсени 13 лица, додека случајот е опишан како „Убиство во обид“.

„Врз основа на досегашните информации, пријавено е дека се повредени четири лица, од кои едното се сомничи дека се здобило со повреди од огнено оружје, додека три се повредени при тепачка, при што постои сомневање дека е употребено тешко оружје. „Полицијата досега идентификуваше и уапси 13 лица кои се сомничат дека се вмешани во овој случај кој се карактеризира како обид за убиство“, рече Ахмети.

Исто така, таа посочи дека полициските истражители во координација со обвинителството преземаат истражни дејствија за целосно расветлување на случајот.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Драма во скопско Шишево: Пукал кон соселанин,…

Жител на скопското село Шишево е приведен…

Приведен 73-годишник од скопско, со пиштол пукал…

На 16.05.2026 во 23:30 часот, полициски службеници…

Пукање во центарот на Атина: Четворица повредени,…

Грчката полиција започна потера по 89-годишен осомничен…

ФБИ бара да ја разјасни временската линија…

Администрацијата на Доналд Трамп се обидува да…

Сестрата на Кол Томас Ален се соочува…

Кол Томас Ален, осомничениот за пукањето на…