КАЛЕНДАР НА МПЦ: Денеска се слави Св. апостол Филип
Според календарот на МПЦ (Јулијанскиот календар) денеска е 11 октомври.
Денеска е Св. апостол Филип.
Свети апостол Филип потекнуваше од Кесарија Палестинска. Беше женет и имаше четири ќерки. Кога светите апостоли ги бираа ѓаконите во ерусалимската Црква, што требаше да се грижат за бедните и болните и да ги организираат вечерите на љубовта т.е. агапите, меѓу нив беше избран и Филип. А кога настана гонењето на христијаните во Ерусалим, тој се повлече во Самарија и таму го проповедаше Евангелието, и не само што го проповедаше, туку и го сведошеше со многу чуда, изгонување на демони и исцелување на болни.
Го заврши овој живот мирно и во длабока старост и се пресели во радоста на својот Господ.
КАТОЛИЧКИ КАЛЕНДАР: Денеска е Св. Антун Марија Кларет.
Роден е во 1807 година во шпанската покраина Каталонија во период кога во Шпанија се ширел атеизмот.
Кога станал свештеник проповедал во многу места во Шпанија, на Канарските острови и на Куба, каде бил и надбискуп и им ја вратил верата во Господ и задгробниот живот на милиони луѓе кои отпаднале од верата. Верниците му се молат за зајакнување и за напредок во верата.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Борисов: Чудно ми е како Радев знае…
Бојко Борисов денеска го искористи своето право…
Марта Кос ѝ честиташе на Студентската листа:…
Марта Кос ѝ ја честиташе изборната победа…
(Видео) Силна експлозија пријавена во Техеран, активна…
Силна експлозија наводно се слушнала во населбата…
(Видео) Мајка на загинат во Нови Сад:…
Дијана Хрка, мајката на Стефан Хрка, кој…
Новите сопственици ја прекинаа програмата на ТВ…
Претставници на новата управа на ТВ Нова,…