ДЕНЕСКА Е СВ. АПОСТОЛ ФИЛИП ЃАКОН: Со голема љубов и внимание им служеше на сиромашните и на вдовиците

t

Денеска е 11 октомври според стар стил и се слави Св. апостол Филип ѓакон. Апостол од Седумдесетте. Родум од Кесарија Палестинска.

Беше женет и во бракот му се родија четири ќерки, сите четири со дар на пророкување и сите четири заветувани девици Христови. Кога светите апостоли избираа ѓакони, тогаш беше избран и Филип, покрај Стефан и останатите.

Тој со голема љубов и внимание им служеше на сиромашните и на вдовиците. Кога настана гонењето на христијаните во Ерусалим, светиот апостол Филип се засолни во Самарија и таму го проповедаше Евангелието и Го сведочеше Бога со многубројни чуда и изгонувања на демони, со исцеленија на болни итн.

Кога ги виде чудата на апостолот, се крсти и прочуениот волх Симон. Свети Филип го крсти и евнухот на царицата Кандакија. Потоа, Ангел Божји во истиот миг невидливо го пренесе во Азот, каде што оттогаш поучуваше и проповедаше и мнозина ги обраќаше кон Христа. Беше поставен за епископ во Лидија каде што крсти многумина.

Се упокои мирно во длабока старост.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Крушевчанец приведен откако полицијата дома му нашла…

Полициски службеници од Одделението за внатрешни работи…

Зеленски против избори за време на војна:…

Украинскиот претседател Володимир Зеленски изјави дека одржувањето…

Трамп обвинет за можен судир на интереси:…

Американскиот претседател Доналд Трамп во текот на…

ДЗС: Ангажирани се сите ресурси за ставање…

На терен е ангажиран голем број екипи…

Двајца загинати и стотици илјади домаќинства без…

Две лица загинаа, а снабдувањето со електрична…