(Видео) Шокантна снимка од помилуваниот шеф на „Барон“
Жестоки реакции од опозицијата предизвика празничното помилување на осуденици од претседателката Гордана Силјановска Давкова, откако на листата на помилувани се најдоа лица од нарко-кланови за кои има индиции дека се вмешани и во други кривични дела.
Меѓу помилуваните од претседателката е Акиф Равманоски, познат како Аќиф Јусуфи или Аќиф Барон, осомничен припадник на нарко-кланот Барон, кој беше осуден на 1 година и 3 месеци затвор за оружје. Тој прво бил осуден на условна казна, но Апелација му ја преиначила во ефективен затвор. Како осуденик во Идризово, кој бил работно ангажиран надвор од затворот, тој беше осомничен за пукањето пред 8 дена во Чаир кога беше застрелан припадник на соперничката група од Грчец.
Претседателката Силјановска Давкова вели дека Комисијата за помилување се водела од конкретните дела за кои биле осудени помилуваните.
„Да, личностите се навистина интересни во негативна смисла на зборот тоа е факт, сега гледам јас тоа, но јас велам дека тие [комисијата] се воделе од конкретните дела. Претпоставувам дека има начин значи да се санкционира, бидејќи да било делото членство во злосторнички здруженија и јас не знам какви опасни веројатно поинаку би било. Значи, јас почитувам знаење, јас потпишувам одлуки меѓутоа јас велам дека никогаш директно нема да се мешам во работата на комисијата. Точно е дека го имам последниот збор но мора да се има ова во предвид, изјави претседателката Силјановска Давкова.
На социјалните мрежи се појави шокантно видео од помилуваниот Јусуфи…
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
(Видео) Шокантна снимка од помилуваниот шеф на…
Жестоки реакции од опозицијата предизвика празничното помилување…
Koj сака нека честита: Почна средбата на…
Во просториите на Министерството за надворешни работи…
Градоначалникот на Струмица го напушта Зелс –…
Го напуштаме ЗЕЛС!!! Со огромна грижа кон…
Казни за антиваксерите ќе се предвидат со…
Дали и какви мерки може да се…
Запалено возилото на уредникот на М-нет
Здружението на новинарите на Македонија (ЗНМ) остро…