(Видео) Одобрен првиот летечки автомобил во Европа!
Холандскиот “Pal-V” стои зад моделот “Liberty”, првиот летечки автомобил во светот, кој сега е официјално одобрен за употреба.
Моделот е мешавина од трицикл и жирокоптер, мал летачки авион кој наликува на хеликоптер. Во главно, кога “Liberty” вози на земја, перките на роторот се преклопуваат и тогаш може да достигне брзина до 160 км/ч.
Во воздухот ова возило користи 200 коњски сили и може да лета со брзина помеѓу 50 и 180 km/h. Досегот во воздухот е 80 километри.
За оние кои сакаат да го купат “Pal-V Liberty”, има две опции – “Sport Edition” за 299.000 евра или “Pioneer Edition” за кое ви требаат 499.000 евра, а е направено само во 90 примероци.
Се разбира, не секој смее да го управува ова возило – потребна ви е пилотска дозвола за да го управувате, бидејќи ви треба простор за слетување од 90 до 200 метри, како и ширина од 20 метри.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
АЛТА банка денес изврши исплата на средства…
Денеска во филијалата на „АЛТА банка“ АД…
Хуманитарна катастрофа во Газа: Поројните дождови поплавија…
Поројните дождови поплавија десетици илјади шатори во…
Разбиена голема мрежа за даночни измами во…
Грчките власти разбиле голема мрежа за даночни…
Блумберг: САД и Иран се приближуваат до…
САД и Иран се приближуваат до можен…
Тајкунот Богољуб Кариќ ќе се кандидира за…
Извршниот комитет на Движењето за силата на…